Од 5 до 9 октомври 2023 година во бугарскиот град Разград се одржа меѓународниот турнир во борење „Лутфи Амедов“, на кој учествуваа следните земји – Бугарија, Турција, Романија, Северна Македонија, Молдавија и Данска. Во силна конкуренција, по четири партии, нашиот ученик Јетмир Ахмети го освои првото место – златниот медал, додека ученикот Суфјан Синани, исто така по четири партии, го освои второто место – сребрениот медал.